ЕНГЕЛАНИ (Енхелеи) – древно племе од Горна Македонија (сп. Полибиј) што го населувало Охридско-струшкиот регион; во римско време преовладало името Дасарети наместо претходното име на племето Енгелани (сп. Страбон). (Види Дасарети.) ЛИТ.: Н. Проева, Студии за античките Македонци, Скопје, 1997. А. шук.

ENGELANI


Кирилична верзија на написот
0.67736
 

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *