<?xml version="1.0" encoding="UTF-8"?><rss version="2.0"
	xmlns:content="http://purl.org/rss/1.0/modules/content/"
	xmlns:dc="http://purl.org/dc/elements/1.1/"
	xmlns:atom="http://www.w3.org/2005/Atom"
	xmlns:sy="http://purl.org/rss/1.0/modules/syndication/"
	
	>
<channel>
	<title>
	Коментари на: АНТИЧКИ МАКЕДОНЦИ – палеобалканска популација од индоевропско потекло; посебен ет-нос што се формира во Ⅷ в. пр.н.е. од популации што уште во Ⅲ милениум го населуваат Централниот Балкан. Во етногенезата на Македонците влегуваат повеќе етноси што живееле на територијата на античка Македонија: Бриги (Фриги во Мала Азија), Пајонци, Пелагонци, Линкести, Енгелани, Дасарети, Орести, Еордаи, Елимеи, Ботиајци, Пиеријци, Алмопи, Мигдонци, Крестонци, Бисалти, Еордајци, Едони и др. помали етноси. Во Ⅷ в. започнува процесот на обединување на македонските племиња во единствена држава со македонските кралеви од династијата Аргеади, која прераснува во светска империја во времето на Александар Ⅲ (336–323 г. пр.н.е.). Античките извори сведочат за посебноста и другоста на а. Македонци во однос на др. соседни етноси: Хелени, Тракијци, Илири. Античкиот театар во Хераклеја (Ⅱ в.) Посебноста се препознава по: македонската басилеја (монархија) со наследна династија и „македонски закони” (сп. античките политиколози); посебните но и општите балкански обичаи, обреди и свечености посветени на македонските божества и на митските херои Каран, Темен, Македон, Мида, култовите (култ на водата Беди, култ на сонцето, кучето) и мистичните култови на божествата: Бакхос, Сабасиос, Ѕеирена, Херакле, Орфеј, Музи; посебниот македонски јазик (според Хелените, Македонците се „барбари”, поради различниот менталитет, а јазикот им е „барбарски” – неразбирлив). Покрај многубројните потврди кај античките автори за посебниот македонски јазик, објавени и недоволно етимолошки потврдени се само 150 македонски глоси, кои покажуваат дека македонскиот е индоевропски јазик, сроден со бригискиот и со другите индоевропски јазици. По паѓањето на Македонија под римска власт (146 г. пр.н.е.) започнува процесот на романизирање на населението. Присуството на римските војски, но и на Готите, Хуните, Аварите и Словените носи промени во етничкиот состав на автохтоното население. Словенскиот етнос, како доминантен, влегува во етногенезата на Македонците, ги наметнува словенскиот јазик и словенската култура, а христијанството, кое се шири од самиот почеток (воⅠ.в. н.е.), во Ⅳ в. станува главно обележје на Македонците, коешто е потврдено со многубројните христијански базилики и сесловенски просветители. ЛИТ.: Херодотус, 4 Волс., Харвард Универитѕ Пресс, 1960; Тхуцѕдидес, 4 Волс., Харвард Университѕ Пресс, 1958; Полѕбиус, Тхе Хисториес, 6 волс. Харвард Университѕ Пресс, 1960; Н. Г. Л. Хаммонд, Тхе Мацедонин Стате, Оџфорд, 1989; Е. Петрова, Бригите, Скопје, 1996; Н. Проева, Студии за античките Македонци, Скопје, 1997; Историја на македонскиот народ, 1, Скопје, 2000; Ф. Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период, Скопје, 1995; М. Бошкоски, Имињата Македонија и Македонци во средновековните извори, Скопје, 2003; А. шукарова, Филип Ⅱ Македонски и атинските ретори, Скопје, 2003. А. шук.	</title>
	<atom:link href="https://mk.macedonism.org/Makedonska-Enciklopedija/%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%86%D0%B8-%D0%BF%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BE%D0%B1%D0%B0%D0%BB%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%BF/feed/" rel="self" type="application/rss+xml" />
	<link>https://mk.macedonism.org/Makedonska-Enciklopedija/%d0%b0%d0%bd%d1%82%d0%b8%d1%87%d0%ba%d0%b8-%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d0%b4%d0%be%d0%bd%d1%86%d0%b8-%d0%bf%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%be%d0%b1%d0%b0%d0%bb%d0%ba%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%bf/</link>
	<description></description>
	<lastBuildDate>Tue, 01 Aug 2023 05:19:06 +0000</lastBuildDate>
	<sy:updatePeriod>
	hourly	</sy:updatePeriod>
	<sy:updateFrequency>
	1	</sy:updateFrequency>
	<generator>https://wordpress.org/?v=6.4.3</generator>
</channel>
</rss>
